Пристигнува продолжението на анимираниот филм на „Pixar“

93

Објавен е трејлер за продолжението на анимираниот филм „Inside Out“, создаден во соработка помеѓу „Pixar“ и „Disney“. Дејството на анимираниот филм ги следи емоциите кои се во главата на малото девојче Рајли, а во продолжение на приказната публиката покрај оригиналните пет ликови кои претставуваат емоции, ќе гледа уште четири нови ликови.

Во претстојниот филм, Рајли е тинејџерка, а нејзините стари емоции Радост, Тага, Лутина, Страв и Гадење се соочени со нови емоции кои се обидуваат да ги надвладеат и да ја преземат контролата над Рајли.

Од актерите кои го дадоа гласот на ликовите во оригиналниот филм се враќаат Ејми Полер како Радост, Филис Смит како Тага, Луис Блек како Лутина, Дајан Лејн како мајката на Рајли и Кајл Меклахлан како таткото на Рајли. Во продолжението, гласот на Страв го позајмува Тони Хејл, а на Гадење – Лиза Лапира. Новите ликови ги толкуваат Маја Хок како Анксиозност, Адел Егзаркопулос како Досада, Пол Валтер Хаузер како Срам и Ајо Едебири како Завист.

 

„Inside Out“ од 2015 година ја воодушеви публиката и критичарите, постигнувајќи 98 проценти од критичарите и 89 проценти од публиката на „Rotten Tomatoes“. Според „The Hollywood Reporter“, оригиналниот филм од франшизата заработил 857,6 милиони долари на глобално ниво и преставува огромен успех за „Pixar“.

Исто така, анимираниот филм беше номиниран за два Оскари во 2016 година и победи во категоријата Оскар за најдобар анимиран филм.

„Inside Out 2“ е во режија на Келси Мен и во продукција на Марк Нилсен, а во кината ќе се појави ова лето.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content