Пристигнаа 200.000 дози на вакцината „Синофарм“

30

Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.

Надлежните уверуваат дека процесот на имунизација се спроведува добро во сите градови, но дека и понатаму ќе продолжи на истиот начин.

 

Се се спроведува во најдобар ред, и правилно се распределуваат вакцините согласно стратегијата – најголем дел за повозрасните граѓани и еден дел помал за вработените во критичната инфраструктура, беше дециден вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцините „Синофарм“ беа купени во директните преговори со производителот, а во државата пристигнаа изутрина во 05:00 часот.

За во понеделник е најавено овие вакцини да бидат дистрибуирани и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид, согласно бројот на пријавени граѓани.

Министерот смета дека овој систем ќе овозможи од вторник дневно да се вакцинираат над 10.000 граѓани, и како што потенцира, воопшто да нема никави гужви.

Досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените  во критичната инфраструктура.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content