Ракометарите на Прилеп предводени од левиот бек Давор Шокоски и голмано Иван Ангелески дојдоа до втората победа во новата натпреварувачка сезона во Суперлигата, откако на свој терен го совладаа составот на Куманово со резултат 33:29 (18:12 на полувремето)
Шокоски постигна дури 15 погодоци, а Ангелески имаше над 20 одбрани на голот на прилепчани. Мрежата на кумановчани ја тресеа и ветераните, тренерот Чантурија кој постинга 4 гола, а Пеце Ѓорѓиевски беше прецизен во 3 наврати.
Прилеп сега има 7 бода на табелата, исто колку и Струга на петтото место, а во наредното коло прилепчани гостуваат кај екипата на Алкалоид.