Прилеп доби средства за три проекти од Владата

101

Во текот на вчерашниот ден се потпишаа договорите помеѓу министерствата и општините, со кои Владата доделува 250 милиони евра на општините за капитални инвестиции – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Благодарение на визијата за напредок на премиерот Христијан Мицкоски и неговата посветеност кон развојот на локалните самоуправи, оваа значајна поддршка ќе овозможи реализација на нови проекти во општина Прилеп. Во следниот период, според распределбата на средствата за сите општини, за Прилеп овие проекти ќе станат реалност:

-Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“).
-Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“.
-Реконструкција на постоечки водоводни линии во градската четврт Карабдалица, во централното градско подрачје.

Овие проекти се значаен чекор напред за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на нашите сограѓани. Продолжуваме заедно и посветено да ја градиме иднината на Прилеп – напиша Јовчески.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content