Прилеп ги доби првите 12 лиценцирани асистенти за лица заболени со Алцxajмepoва болecт

32

За обуката на проектот од УНДП се формираа тимови, што заедно изработија специјализирана програма по сите стандарди во сферата на образованието, заедно со Центарот за образование на возрасни и Центарот за средно стручно образование. Програмата за асистент на лица со Алцхајмерова болест е верификувана и признаена од МОН како образование за возрасни. Во СОУ ,,Ѓорче Петров,, Прилеп обуката се спроведуваше три месеци со почеток од 20 јануари преку 250 часа, од кои 30 отсто за теоретска, а 70 за практична обука во кабинет, и домовите на лицата со Алцхајмерова болести. Се смета дека во земјава живеат околу 20.000 лица со Алцхајмерова болест, а заедно со другите деменции бројката е двојно поголема.

Алцхајмеровата болест најмногу се јавува кај лицата од 65 години, па нагоре. На тие лица секогаш им треба некој што ќе се грижи за нив. Идните асистенти добија меѓународно признаен сертификат, а ова образование на возрасни знаењето го стекнаа низ пет модули. Првиот модул идните асистенти ги запозна со болеста, вториот модул се запознаа со институциите за нега и грижа на болните од оваа болест, во третиот личната хигиена, исхраната, негата и сето она за што треба да се води сметка за штитениците со деменција или Алцхајмерова болест. Четвртиот дел се помошта и поддршката, а петиот модул опфаќа комуникација, интеграција во средината на штитеникот за да може да функционира во општеството.

 

Кандидатите што посетуваа настава велат дека ваквата обука е добредојдена за лицата што сакаат да се грижат за овие лица, за преквалификација, за стекнување на нови знаења, формирање на здруженија кои нега и помош ќе пружаат во домовите на корисниците.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content