Со настапите на Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Тропико Бенд и Тијана ЕМ, синоќа започна PRILEP BEET WEEKEND. Oрганизаторите се задоволни од посетеноста на првата фестивалска вечер и очекуваат уште повеќе гости денеска и утре.
Забележително беше дека на прилепчани им недостига забава и дека си го сакаат фестивалот, па најголем број синоќа беа во центарот на градот и се забавуваа.
Вечерва на фестивалската сцена ќе настапат АРЕА, Пајак и женското трио од Србија, HURRICANE. Покрај овие изведувачи, организаторот најави и едно изненадување, па прилепчани со нетрпение очекуваат да видат кој ќе биде четвртиот изведувач вечер.
Извор: МаркукулеМК.