Прилепчанец фатен додека извршувал тешкакражба

35

На 14.09.2022 во 14.50 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Х. В (52) од с. Канатларци, прилепско. Тој бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.

Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба“. По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content