Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 056 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,14%, а 38,86% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,19%, кон Итната медицинска помош 25,48%, кон пожарникарите 4,66%, а кон АМСМ 0,82% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Од таму велат и дека во последното деноноќие имало една несекојдневна интервенција во Општина Прилеп.
Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, покрај гасењето на пожарите во населени места и на отворено имале имале уште една помала техничка интервенција за безбедно извлекување на куче коешто било потиснато и заробено од лифт во ООУ „Кочо Рацин“. Интервенирано е со едно ПП возило и два пожарникара.