Прилепските пензионери и денеска ја продолжија својата битка за подостоинствен пензионерски живот

34

Иако и понижени, навредени и онеправдани, притиснати и преморени, и физички и психички, прилепските пензионери и денеска ја продолжија својата битка за остварување на барањата за подостоинствен пензионерски живот, а на кои власта, со месеци целосно се оглушува. Велат дека понижувањето веќе им преминува во гнев и бес, бидејќи животот и душите им станувале се’ попразни, исто како и нивните паричници, оставите за огревно дрво, теглите без зимница. Немаат намера да се откажат, туку напротив, велат дека ќе бидат уште поупорни, па макар и испопаѓале по патиштата.

Денеска е Светски ден на правадата. Е, што правда имаме ние да ги прашам оние одозгора од претседателствово? Што правда имаме? Гледам вчера протестантиве од Штип со празни тегли. Море луѓе, душата ни ја испразнија. И повредени, и омаловажени, и понижени, веќе празни сме. Вистински, не само во џебовите празни. Јас не знам што мислат…насд маката не научи и многу да трпиме, ама и многу да памтиме. Јас лично ќе памтам до избори, онаа да ја снема, не од политика, море од земјава да ја снема“, – рече Билјана Шеќероска, пензионерака.

Месеци еве дојдоа, само протестираме, по улици одиме, стари, кој со штаки, , кои не можат да дојдат. Луѓево се разболени сите. Од што, ќе прашате ? немаштијата ова го донесе. Нема ни за лечење, нема ни закупување, сето е скапија голема. Јас не знам и оваа Тренчевска што мисли да прави. Ова е катастрофа невидена. Луѓе одат по кантите бараат, немав телефон да ги снимам и да ги пуштам. Гревој се, луѓето за лепче бараат. Врнело-грмело, ние ќе излегуваме, тоа да им е јасно“, – кажа Марија Ристеска, пензионерка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content