Протестот ќе се одржи утре (13.05.2022) со почеток од 09:30ч пред споменикот на Пеце Атанасоски во центарот на Прилеп.
Пазарџиите кои имаат договори со ЈКП Пазари Прилеп вчера упатија и ултиматум во три точки до надлежните во општината.
Ова се нивните барања:
1. Согласно законските прописи, надлежните органи веднаш да извршат дислокација на сите „диви“ продавачи од непосредната околина на пазарот и од другите делови на градот, на соодветна локација предвидена за таква намена (поранешен Кванташки пазар или на слободните тезги во пазарот кои ги има во голем број).
2. Доследно почитување од страна на раководството на ЈКП „Пазари“ на сите точки од договорите кои ги имаме потпишано со ова јавно претпријатие. Сите ние сме легално пријавени во УЈП, редовно ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, исто како и закупнината предвидена со договорите со ЈКП „Пазари“.
3. Локалната самоуправа и сите инспекторати кои што работат во нејзин склоп а имаат ингеренции во решавање на ваков или сличен проблем, да се завземат и да го решат нашиот проблем на долгорочен план, се со цел подобрување на функцијата на пазарот и негово рационално искористување по основ на закуп на тезги.