Прилепската болница и понатаму СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ НА МЕДИЦИНСКИ КАДАР

31

За два дена има 117 ново регистрирани седум починати или 85 од почетокот на пандемијата. На болничко лекување се 114, 64 во инфективното и новите ковид центри а 50 во дневната болница, информираат надлежните.

Шефот на кризниот штаб – градоначалникот доктор Илија Јованоски кој волонтерски е вклучен во лекувањето на болните и во организација на ковид центрите тврди дека со реорганизацијата сега нема долги чекање за добивање на дневна терапија. Но и натаму има недостиг од медицински кадар. За хоспитализираните во секој оддел се грижат по две сестри и два болничари, реално се потребни по тројца во смена а има недостиг и од лекари.

 

Искусни инфектолози и интернисти кои се во пензија а ги контактиравме јавно не сакаат да говорот, но велат дека ковид 19 го стави на респиратор македонското јавно здравство поради три причини.

30 години не доволно е инвестирано во кадари и опрема. Ако најмногу од починатите од ковид 19 претходно имале друга болест тоа покажува дека сме болна нација, а непочитувањето на мерките за заштита докажува дека немаме соодветна здравствена култура. Тие им забележуваат и на матичните лекари кои од страв од ковид 19 делат терапија по телефон и за тоа што не се вклучуваат во помош на секундарниот здравствен систем.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content