СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Приведени четири лица за бесправна сеча на дрва

Вчера полицијата во Битола приведе четири лица кои бесправно исекле 17 кубни метри огревно дрво.

Во Крушево полициски службеници затекнале патничко возило – комби „застава” без регистарски ознаки, управувано од С.С. (61) од Крушево. При контролата во возилото биле пронајдени околу 4 м3 огревно дрво без  документација.  Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција Крушево.

Во атарот на село Крапа, општина Македонски Брод, на место викано Барбарас, од слобода биле лишени В.Ц. (32) од Скопје, Г. Т. (20) од с.Ропотово, прилепско и М.Р. (23) од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на кражба на дрва. Од нив биле одземени моторна пила и околу 4 м3 исечено огревно дрво без документација.

Полициски службеници од ОВР Прилеп – Полициско одделение Ропотово, во атарот на с.Црнилиште пронашле и одзеле една приколка натоварена со 5 м3 бесправно исечено огревно дрво, додека во с. Гостиражни при вршење на бесправна сеча бил затекнат Л. У.(22) од кого биле одземени 4 м3  огревно дрво, една приколка и една моторна пила. Лицето било лишено од слобода, дрвната маса била предадена на ЈП „Национални шуми“.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content