Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол ѝ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор
Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што била вработена.
Како што информираа од МВР, приведените се 27 и 33-годишник со иницијали С.Р. и Д.Д.. Тие по инцидентот биле фатени на улицата Борка Талески” во градот.
Кај нив биле пронајдени и одземени два пиштоли.
Според информациите од полицијата, С.Р. бил баран и по потерница поради бегство од заторот во Прилеп и напад со нож врз чувар во затворот, во април годинава.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.