Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

62

Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева, на протестот рече дека над 70 проценти од студентите на Медицинскиот факултет активно учат германски јазик, што според неа не е случајно.

„Сигурно станува збор за еден план на емиграција бидејќи гледаат една сива и безнадежна иднина во својата држава“, изјави Георгиева.

После една недела штрајк, поради отежнатата работа на клиниките во комлексот „Мајка Тереза“ во Скопје, тие одлучија генералниот штрајк времено да го стават во мирување.

Во меѓувреме,  секој вторник во 11 часот, за време на паузите, ќе продолжат се собираат во паркот на Клиничкиот центар во знак на протест.

Уште еднаш се оградија од било каква поврзааност на штрајкот со политички делувања.

Специјализантите се залаат за покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и решавање на нивниот статус, со оглед на тоа што работат без здравствено и пензиско осигурување.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content