Скопје од понеделник ќе остане без приватни превозници. Причината што приватните превозници ќе престанат да превезуваат патници од 10 часот во понеделник, е што немаат сметка повеќе да работат.
Велат дека само во првите пет недели по постигнатиот договор добивале аванс, а потоа речиси една година ништо.
Не се работи само за плати, велат превозниците, туку и останатите трошоци за сообраќање на градските линии во Скопје. Затоа од понеделник наутро ќе се исклучат и градот повторно ќе остане без приватни превозници.
Пред повеќе од една година метрополата остана без јавен превоз откако приватните превозници неколку месеци не возеа, а нивните автобуси беа паркирани по булеварите. Пред четири месеци и вработените во ЈСП со двочасовен прекин запреа со работа поради доцнење на плата.