Од 18 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата на кумановскиот театар „Вообразен болен“ од Молиер, во режија на Драгана Гунин, а од 21 часот во прилепскиот театар е претставата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во режија на Нела Витошевиќ, а во продукција на Драмски театар од Скопје.
Од отворањето на Фестивалот, публиката во Прилеп виде три од 13-те претстави во официјалната програма: „Мој термин на МНТ, „Вечера за глупаци“ на театар Комедија и „Глембаеви“ на прилепскиот театар. Вчера беше промовирана книгата „Невидливите“ од авторот Тена Штивичиќ.
Утре напладне во фоајето од прилепскиот Центар за култура, во рамките на Фестивалот, ќе се одржи трибина на актуелната тема „Театарот во Ковид 19, проблеми и решенија“. Модератор ќе биде уметничкиот директор Катарина Коцевска Хаџивасилева.