Претседателката Силјановска-Давкова се обрати на главниот панел на конференцијата за обнова на Украина во Берлин

175

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, денеска, во Берлин, во рамките на учеството на конференцијата за обнова на Украина, се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади, на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а свое обраќање имаше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија.

Во обраќањето претседателката Силјановска-Давкова рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес е неопходен нов вид „Маршалов план“ за разрушената Украина.

Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и енергетската инфраструктура туку и во човечката, образовната, социјалната и нормативната инфраструктура.

На сесијата позитивно беше оценета постојната заедничка европска позиција дека треба да продолжи сеопфатната помош за Украина.

Претходно, претседателката Силјановска-Давкова присуствуваше на отворањето на конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content