На 14.11.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Н.(45) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.