Вчера, во с. Дебреште, Прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И. И. (53) од с. Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол во калибар од 7,65 мм, рамка за пиштол во калибар од 7,65 мм и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.