Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Прилеп ќе го посети Општинското основно училиште „Кире Гавриловски – Јане” каде ќе изврши увид во реконструкцијата на училиштето, а потоа во новоотворената сала ќе го проследи подготвителниот натпревар за регионалниот турнир во одбојка.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски потоа ќе изврши увид во реконструкцијата на Средното општинско училиште „Мирче Ацев”, после која обиколка се предвидени изјави за медиумите.