Ова вистински интерактивно искуство беше најава за Европското првенство во танци 2022 кое ќе се оддржи од 2 до 5 јули во Ист гејт мол и СЦ Јане Сандански.
Почетокот на месец јули, Скопје ќе биде центарот на Европа и место за собирање, поврзување и размена на голем број македонски и странски хип-хоп артисти од светот на танцот, графитите и многу други улични уметности.
Во четиридневната богата агенда на Европското првенство во танци 2022, љубителите на уличната култура ќе уживаат во бројни креативни и интерактивни настани и работилници, а се очекуваат и многу изненадувања.