Хакерите користат тактика со лажни (предупредувачки) мејлови за губење на антивирус заштитата на вашиот компјутер, пренесува „Express“.
Електронската пошта има „потпис“ на познати компании како што се „McAfee“ и „Norton“ за целата нивна приказна да изгледа поубедливо.
Онлајн измама
Така во еден од мејловите на „McAfee“ се наведува дека претплатата на корисникот е истечена и дека потребно е истата да се обнови.
Наведен е и соодветен линк кој корисникот го води до (лажна) веб-страница каде треба да ги уплати своите пари.
Измамата пак на мејловите на „Norton“ е поразлична.
Корисникот е предупреден дека компанијата автоматски ќе му наплати 500 долари за обнова на лиценцата (вистинскиот износ за тоа е значително помал), со опција за укинување на претплатата.
Доколку го кликнете копчето „Unsubscribe“ ќе се најдете на страницата дизајнирана за кражба на кориснички имиња, лозинки и трансакциски сметки.