Skip to content

Предупредувачки штрајк на Македонски пошти

32

Вработените во Македонски пошти од денеска започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час. Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември.

Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата.

Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври се со цел вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата.

Законската обврска инаку за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.

Имено според нашиот добро упатен извор, дека досега се обезбедени само 15 милиони денари, а недостасуваат 50 милиони за да се обезбеди плата за над 2.000 вработени низ целата земја.

Раководството на пошта се надева дека Владата ќе им излезе во пресрет за да се обезбедат овие 50 милиони денари, во спротивно плата нема да има ниту во наредниот период, а протестот ќе биде неизбежен.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио