Пребарувањето на Гугл станува побрзо

28

„Гугл“ најави некои нови опции што ќе го подобрат пребарувањето во пребарувачот на компанијата, како и такви што ќе овозможат уште подобра навигација на нивните мапи. Со овие новитети, „Гугл“ сака да ги задржи корисниците на својот прелистувач и мапи што е можно подолго, бидејќи, колку повеќе време поминуваат на нивните страници користејќи ги нивните услуги, толку повеќе „Гугл“ ќе заработува од рекламирањето.

Исто така, како што покажа неодамнешното истражување, сѐ повеќе млади луѓе не ги бараат информациите за кои се заинтересирани на Гугл , туку на Тикток и на Инстаграм, па компанијата сака да ги направи резултатите од пребарувањето попривлечни.

Кога пребаруваат градови на Гугл, на корисниците во иднина ќе им се прикажуваат дополнителни резултати, како што се историјата на тие градови, плажите, културните содржини. Тие исто така ќе можат да гледаат „визуелни приказни“ и видеа на луѓе што ги посетиле тие градови, а ќе им бидат прикажани и разни совети за местата што треба да ги посетат и интересни работи што треба да ги прават во тие градови.

Друга интересна новина се однесува на опцијата „вибрации“ на градовите, односно населбите во градовите. Таа ќе им овозможи на корисниците поблиску да запознаат делови од градот, рестораните и кафулињата, за подобро да ја почувствуваат нивната атмосфера, па ќе можат да добијат впечаток дали тој дел од градот е можеби уметнички или, на пример доминираат ресторани и слично.

Меѓу другите интересни работи што ги претстави „Гугл“ е и новитетот на мапите, благодарение на кој ќе можеме да уживаме во воздушни снимки од голем број познати градби и споменици.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content