Исто така, после секое гласање ќе треба да се дезинфицираат и пенкалата.
Задолжително е и носење на маски на гласачките места. Како друга мерка за спречување на корона вирусот во местата каде што ќе гласаат граѓаните е и дезинфекција на училниците, процес што беше спроведен синоќа. По завршувањето на изборниот процес, училишните простории ќе треба да бидат дезинфицирани од општините за да биде безбеден наставниот процес.