Првото бебе во Прилеп е женско

104

Најновaтa жителka на Прилеп, Стефани, е првото бебе што се роди во новата 2025 година. На мајката Ангела Јанеска која се породи по 5 часот изутрината на гинеколошкото одделение во прилепската болница, ова ѝ е првото дете. На сите идни мајки им ја препорачува возбудата од раѓањето на чедото.

Чувството е прекрасно. Сѐ уште малку сум збунета, но ќе се навикнеме дна на друга. Им порачувам на сите мајки да бидат пресреќни, зашто ова е незаменливо чувство и искуство, рече младата мајка Ангела Јанеска.

Гинекологот-акушер, д-р Гоце Оропан соопшти дека и мајката и бебето се во одлична состојба. Забележителен е пораст на бројот на родени бебиња што дава убава надеж во новата година.

Првото бебе Стефани се роди во 5:47 часот изутрината. Мајката се породи по оперативен пат, со царски рез. И мајката и бебето се во добра општа здравствена состојба. Бебето се роди 3,10 килограми. Инаку, 2024 година ја завршивме со 455 породувања што е нешто повеќе од претходната година и навестува пораст на бројот на родени бебиња, изјави д-р Оропан.

Новогодишната ноќ поминала мирно и без инцидентни или тешки случаи во Болницата.

Новогодишната ноќ помина мирно и во болницата не се забележани некои поголеми интервенции. Нема сообраќајни незгоди, нема повредени со петарди и нема случаи во тешка алкохолизирана состојба, беше кажано.

Првото бебе во Прилеп, на одделението во Болницата го посети прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој на бебето и на мајката им посака среќна и здрава нова година и им подели подароци.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content