Пратениците на Беса ќе настапуваат самостојно во Собранието

39

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ, туку како пратеници на партијата Беса. За ова го известиле собранискиот спикер Талат Џафери со допис преку кој го официјализираат своето дејствување самостојно.

Од Беса за „Макфакс“ велат дека пратениците ќе продолжат да даваат поддршка на законите и одлуките на власта и дека нивното дејстување во Собранието не значи дека го напуштаат коалициониот партнер.

– Немаме никаков проблем со коалицијата „Можеме“, ова одлука да бидеме надовор од колацијата не значи дека нема да даваме поддршка на законите кои ќе ги иницира власта. Одвојувањето е од технички аспект и не подразбира никакво напуштање туку поеефективно делување во Собранието на нашата партија. Во Собранието имаме 4 пратеници, за пратеничка група треба 5 свесни сме на тоа, но ќе настапуваме сепак како пратеници на Беса. Овој момент ни е важен да бидеме поблиску до гласачкото тело, затоа што оние кои гласале за нас, гласале за нашата партија и затоа така одлучивме да делуваме од Парламентот – брифираат од Беса.

Во Собранието во новиот состав од оваа партија влегоа Биљал Касами, Фадил Зендели, Кастиот Реџепи и Бастри Бајрами кои беа избрани на заедничката листа со коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content