Празнични радости на прилепскиот плоштад

35

Со театарската претстава за деца „Дружината на Снешко Белчо“, а потоа и со песните од детскиот фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“, во центарот на Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ почна предновогодишната организирана програма за пречекот на Новата 2023 година во Прилеп. Прилепчани и најмладите уживаа во предновогодишната атмосфера, убавиот зимски ден и радоста што може да се насмеат и да посакаат најубави новогодишни желби. Прилепчани посакуваат посреќна, поздрава и посигурна Нова 2023 година, а децата да ги добијат омилените играчки.

Вечерната новогодишна програма започнува во 21.30 часот со настапот на прилепскиот ди-џеј Dejan Pete. Еден час подоцна, во 22.30 часот на бината ќе се појават членовите на групата „Балканика“, а во пресрет на Новата Година, од 23,30 часот ќе започни настапот на прилепскиот рок бенд „The Hounds“.

Точно на полноќ, по огнометот, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески на своите сограѓани ќе им ја честита Новата 2023 година, а музичката програма ќе продолжи во Новата година.

Прилепската локална самоуправа ветува одлична забава и пречек на Новата 2023 година и ги поканува сите прилепчани да бидат дел од новогодишното славење на плоштадот „Матодија Андонов Ченто“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content