Празнична честитка за возачи во Прилеп

34

МВР вчера им напиша “празнична честитка” на повеќе возачи. Имено во однос на нашите информации со кои располагаме голем број од прилепските возачи биле контролирани од страна на МВР во близина на месарницата “Креас” и “Џими маркет”.

Слична ситуација имало и во останатите градови во нашата земја, при што во текот на вчерашниот ден (11.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 695 возачи. Од нив 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 376 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 319 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content