Жителите и посетители на Минхен нетрпеливи да присуствуваат на првиот Октоберфест од 2019 година формираа долги редици рано утринава, неколку часа пред да се отвори познатиот фестивал на пивото во главниот град на Баварија.
– Веќе во пет часот, мажи и жени облечени во традиционални баварски носии се собраа пред шаторите, иако првото буре со пиво ќе се отвори доцна попладне. Малкумина носеа заштитни маски, а некои од посетителите се чинеше дека веќе ги испиле првите пијачки – забележува ДПА.