Почнуваат подготовките за заеднички набавки на гас од ЕУ, може да учествува и Македонија

31

Во тој процес, европските компании ќе можат да ги регистрираат своите потреби за набавка на гас преку механизмот AgeregateEU​, а целта е да се подготви ЕУ за следната зима со навремено полнење на складиштата за гас.

Тоа е отворено за компаниите кои трошат гас и оние кои тргуваат со овој извор на енергија од членки на ЕУ и земји од Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Косово, Црна Гора, Македонија, Молдавија и Украина, соопшти Европската комисија.

Заедничкото купување, исто така, треба да донесе повеќе потпора во преговорите за цените со меѓународните добавувачи.

Компаниите што се пријавиле имаат рок од една недела, до 2 мај, да се јават на првиот повик. Откако ќе ги достават барањата, бараните количини ќе се соберат во еден агрегат за тендер на светскиот пазар.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content