„Се работи за сиромашно семејство. Некаде две недели одел и се молел да предаде некој пакет тутун, а 30 пакети носел за да ги предаде вчера. Мислам дека му враќале некој од пакетите…Ова е втор случај на починат и не да е втор ТАТ или дека ќе биде, туку дефинитивнои е втор ТАТ тутунот оваа година, затоа што се работи за огромни, огромни суми…реално, кај поединци штетите се и до 10 илјади евра“, ни изјави за Алфа, Васко Јосифовски.
Разочарани од државата, но и уплашени од ваквиот, тек на откупот заради двата згаснати животи, тутунарите, од вчера се организираат на социјалните мрежи, солидарно, со доброволни прилози да им помогнат на семејствата на двајцата починати тутунари.
Од друга страна, деновиве, се повеќе се продлабочуваат и недовербата и јазот помеѓу самите тутунарите, па вчера формиран е и втор Иницијативен одбор со членови од сите тутунски региони во земјава.
„На два дена пред протестот во Скопје се посомневав дека неколкумина од Иницијативниот одбор работат за откупувачите, во спрега со власта, затоа што дел од нив и беа отворено со власта“, објаснува Васко Јосифовски кој е и иницијатор за формирање на новиот Иницијативен одбор.
Инаку, Јосифовски смета дека завчерашните ветувања на Заев дека тутунарите ќе влезат во петтиот пакет Ковид-мерки, се уште едно замајување на македонските тутунопроизводители за евентуална помош од стотина евра, што според него, би било понижувачки, ако се има предвид актуелната ситуација со откупот, која била повеќе од алармантна.