Потребни се над 1.000 евра за да се закрпи месецот, но реално дали просечниот граѓанин ги зема овие пари?!
Нешто повеќе 1.000 евра му се потребни на едно семејство за да го закрпи месецот, пари што ретко кој ги зема. Синдикатот пресмета дека во мај кошничката за задоволување на основните потреби е за 120 денари помала од априлската, но сепак и таа надминува 60.000 денари. Најголем дела од парите, над една третина одат за храна и пијалоци. 10% за плаќање сметки, кои секој ден се повисоки.
Нема ден да не реагираат граѓаните. По кој знае кој пат знаат да кажат дека секој троши колку што има, но со високите цени на храната, мора да штедат за да преживеат, оти ова е претерано кај нас.
И покрај малото намалување на трошоците овој месец, целокупното финансиско оптоварување останува високо, како одраз на влијанието на инфлацијата и зголемените животни трошоци во изминатите неколку години.
Синдикалните пресметки покажауваат дека на домаќинствата што живеат под кирија, ќе им бидат потребни уште 250 евра, односно 75.500 денари месечно за да ги подмират сметките. Бројките покажуваат дека со две минимални плати не може да се помине месецот, туку дека ќе бидат потребни најмалку една просечна од 40.000 и една минилната плата. Со ваквите примања, домаќинставта за здравство одвојуваат само 1.000 денари месечно, а за лична хигиена и одржување на домот речиси 1.800 денари, пари што на запад се трошат за само еден ден, а не за цел месец.
Во изминатите четири години потрошувачката кошничка пресметана од ССМ е речиси двојно зголемена. Во мај 2020 година на четиричлено семејство му биле потребни 33.315 денари за основни трошоци. Тогаш минималната плата беше 14.500 денари наспроти денешните 22.500 денари.