Поставете си божиќна капа и празнични позадини за вашите слики на социјални профили

36

Во остварување на сите ваши новогодишни резолуции, направете го првиот чекор така што ќе решите да си поставите божиќна капа на сите ваши главни слики на социјалните мрежи!

Доколку го посетите следниот сајт ќе забележите дека се вика Twitter Christmas Avatar maker, но алатката која се наоѓа тука може да ви послужи за каква било социјална мрежа, а не само за Twitter. Откако ќе кликнете на Upload new image копчето и изберете некоја ваша слика, истата ќе биде инстатно вчитана во алатката.

Најдоброто од сево ова е тоа што сликата е веќе процесирана и вашата оригинална позадина е отстранета, само останувате вие во преден план. Божиќната капа можете да ја наместите како сакате, односно да ја ротирате, да ја менувате големината и местоположбата. Лизгачот scale ви дозволува да приближувате или одалечувате, а доколку скролнете подолу, ве очекува пријатно изненадување.

Вашата глава и капа автоматски се прилепени на 34 позадини. Доколку ви се допаѓа некоја позадина, можете истата да ја преземете со кликнување на соодветното копче за преземање (стрелката која покажува надолу). Нема никакви ограничувања или водени жигови, преземате онолку пати што сакате и како сакате. Потоа, сликата си ја поставувате на саканата социјална мрежа.

Што доколку ми се допаѓаат позадините, но не сакам и божиќна капа?

Некои корисници навистина би сакале набрзинка да ја елиминираат оригиналната позадина и да постават некоја друга, но не им се допаѓа капата. Во тој случај, лесно можете да ја фатите и повлечете капата надвор од прозорецот. Што ја тргнете капата надвор од границата, добивате ваша глава пред интересни позадини и, најважното од се, без капата!

Интересно, нели? Искрено се надеваме дека е интересно. Во спротивно, ви земавме пет минути од вашиот живот кои никогаш нема да можете да си ги вратите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content