Поради кибер напад во Албанија јавните онлајн сервиси и владините сајтови привремено затворени

38

Националната агенција за информатичко општество информира дека кибер криминалниот напад е синхронизиран и софистициран и за да се „соочат со овие невидени и опасни напади, принудени се да ги затворат системите“.

– Ги информираме албанските граѓани дека сме принудени привремено да го затвориме пристапот до онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници, бидејќи се соочуваме со синхронизиран и софистициран кибер-криминален напад надвор од Албанија. За да ги издржиме овие невидени и опасни напади, принудени сме да ги затвориме владините системи додека не се неутрализираат непријателските напади, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Се додава дека Агенцијата работи со тимот на Microsoft, тимот на Jones Group International и тимовите на албанските компании од оваа област за да се „спречи овој кибер напад за да не ги оштети или загрози албанските информациски системи“.

– Ги повикуваме граѓаните, медиумите, бизнисите и сите други актери да се сензибилизираат за да се разбие овој напад на албанските национални интереси и да се разбере привремената состојба на непристапност до јавните услуги, се навеува во соопштението.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content