Помалку основци и средношколци има во училиштата во последните две години

101

На почетокот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта во државава имало 180 627 ученици, што е намалување за 0,8 проценти во однос на претходната учебна година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, намалување од 0,2 отсто има и на бројот на средношколци во оваа споредено со претходната учебна година. На почетокот на 2024/2025 година, во средните училишта имало 67 143 ученици.

Во објавата на ДЗС се содржани податоци за број на училишта и паралелки, застапеност на ученици според пол и возраст, број на наставници, број на ученици во специјални и во верски училишта.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content