Пола Македонија би требало да биде загрижена вечерва поради оваа вест: ЛАЈОНЕС БАНКРОТИРАШЕ?!

98

Пирамидалната шема ,,#Лајонес” #рикнала т.е одат во стечај Лајонес Интернационал и Лајонес Европа, пишуваат европски медиуми, објави вечерва на социјалните мрежи новинарката Јорданка Ивановска- Јоци.

Според неа, инфото се споделува вечерва на социјалните мрежи, а првичната информација потекнува од Зоран Божиновски.

– Би требало да биде загрижена пола, ако не и цела Македонија поради оваа вест. Илјадници од земјава, ако не и стотици илјади луѓе кои своите заштеди и кредити ги вложуваа во шемата на #З.#Витанов. Ако просурфате на Гугл, ќе ви излезат текстови, најмногу од австриски линкови, со што инфото е веродостојно. Искрено не се разбирам дали Lyoness и Lyconet се една иста приказна во случајов, знам дека е иста корпорација, но секако прочитајте повеќе. Верувам од утре и нашите медиуми ќе го лоцираат Витанов за подетално објаснување, пишува Јоци вечерва.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content