СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Познати имињата на скопските гимназии во кои има дојава за бомба!

Дојави за бомби во пет скопски гимназии пристигнаа на меил адресите на гимназиите утринава, информираат од МВР.

Полицијата е веќе на терен и ги евакуира училиштата, а во тек се и антитерористички проверки.

-Денеска (26.10.2022) во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот.

Станува збор за скопските гимнации „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“,„ Раде Јовчевски-Корчагин“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“ кои според полицијата веќе се евакуирани и течат во објектите антитерористички проверки.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content