Поддршката од 80 пратеници зборува за моќта на победата, доаѓа нова ера и развој на институциите

160

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ како апсолутен победник на овие избори и коалицијата Вреди според мене имаат навистина исклучително позитивна динамика. Започнаа веднаш после завршувањето на парламентарните избори и претседателските избори и гледаме дека со едно мирно темпо до денес и сега сме веќе на прагот каде што гледаме дека е прашање на часови или денови кога ќе биде обзнаена новата политичка колицијата која што ќе управува со институциите на државната власт, кажа Александар Спасеновски во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

-Она што е навистина интересно и сметам дека претставува прилог во развој на политичкиот систем на државата е гестовите кои што стигнуваат од двете страни како од страна на коалицијата на лабанските партии обединета по името Вреди така и од ВМРО-ДПМНЕ и таа добра атмосфера сугерира дека ќе биде постигнат еден договор и гледаме дека тој е пред самиот крај кој што ќе биде еден исчекор за граѓаните и Македонија. Она што е важно кога се анализираат преговорите се неколку аспекти. Првиот и најважен аспект е убедливата, историска, огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ, победа која што по својата големина е еквивалентна на неколку такви победи од позиција на опозициска партија која што остварува победа на изборите, таков резултат еднаш направи СДСМ во 2002 година на познатиот 15 септември кога беше поразена ВМРО-ДПМНЕ и Црвенковски повторно ја донесе СДСМ на власт, е оваа победа на ВМРО-ДПМНЕ по својата магнитуда е слична на таа и тоа е еден аспект. Тоа зборува дека огромно мнозинство од народот ја препознава политиката, кадровската понуда и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како нешто што треба да претставува реалност во оваа држава. Истовремено значи и казна кон една политика која што претходно беше водена во оваа држава и граѓаните очекуваат еден дисконтинуитет од начинот на кој што до изборите или до сега беше раководена државата и институциите, рече Спасеновски.

Тој истакна дека поддршката од 80 пратеници зборува за магнитудата на победата на изборите, а државата ја очекува нова ера и развој на институциите.

-Друг аспект е поврзан со позицијата на албанската опозиција Вреди во однос на ДУИ како една од најдолговечните партии во власта доколку го анализираме ДУИ таа безмалку е перманентно владејачка партија. Со ЗНАМ, оваа политичка коалиција со три доминантни партии ВРЕДИ, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ кои имаат позади себе и други помали групи на партии ќе брои повеќе од 80 пратеници, двотретинско мнозинство, поддршка од две тртини зборува многу затоа што зборува за магнитудата на победата. Ваквата ситуација зборува дека државата ја очекува една нова ера во која што ќе има многу поинакви потези и чекори од тие кои што биле влечени порано, кажа Спасеновски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content