Повторно нема плата во ЈП Улици и патишта – вработените најавија штрајк

100

Вработени во ЈП Улици и патишта – Скопје најавија јавен штрајк пред Собранието на Град Скопје поради неисплатена плата.

„Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска – Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски, претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на личниот доход на вработените.
Причините за ваквата состојба се следните:

1. Презадолжување на претпријатието кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари;
2. Не плаќање на долгот од страна на директорот, односно градоначалничката, т.е. селективно плаќање на фирми блиски до секретарот и градоначалничката;
3. Сметката е блокирана во износ од 10 милиони денари и извршни решенија во износ од 40 милиони денари кои ќе стапат на сила наредниов период;
4. Во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Причина за ова е не плаќањето на обврските кон добавувачите, а со тоа и испораката на материјалите;
5. Градежни машини и возила што поради погоре наведените причини се со дефекти и не се сервисираат со месеци;

Вработените се принудени преку штрајк да го остварат своето право на личен доход и истиот ќе биде пред Собранието на Град Скопје кога вработените ќе дојдат со целата механизација“, стои во соопштението од вработени во ЈП Улици и патишта – Скопје.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content