Победа и Јане Николоски се разделија

108

Фудбалерите на прилепска Победа денеска забележаа нов пораз во Втората фудбалска лига. Црвено-белите беа поразени на гостувањето кај Башкими со 3:1, што беше четврти последователен пораз, па очигледно нешто мораше да се промени. Неколку часа по натпреварот од клубот излегоа со соопштение во кое информираат дека со взаемна согласност е прекината соработката со тренерот Јане Николоски.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Со ова соопштение, ФК Победа сака да информира дека, по взаемна согласност, клубот и тренерот Јане Николоски решија да го прекинат својот професионален ангажман.

Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат. Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати.

Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content