Пејачот Амар Османи е жртвата во пукањето на „Пластичарска“

322

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска.

Според МВР, во 23 часот и 40 минути во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.

Во 23 часот и 45 минути од Градската болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.

Во 23 часот и 51 минута од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 19-годишниот О.Б. и 29-годишниот А.И. Двајцата се од Скопје.

Османи починал 45 минути по полноќ.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content