Петков се лизна на сопствен терен – ја игнорираше забелешката на “Би-би-си“ дека етничките Македонци немаат права во Бугарија

36

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за „Би-би-си“ ја игнорираше констатацијата на британскиот новинар Стивен Сакур кој му кажа дека и етничките Македонци немаат права во Бугарија.

Новинарот реагираше на тврдењето на Петков дека Бугарите немаат законски права во Македонија.

Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи по таа основа отколку за Бугарите во Македонија. Тука се наоѓате на лизгав терен, му кажа Сакур на бугарскиот премиер при неговото гостување во популарната емисија „Хардток“ на „Би-Би-Си“ .

Петков во емисјата „Хард талк“ повтори дека со македонскиот премиер Димитар Ковачевски се договорил за уставни регулурање на статусот на Бугарите на ниво на како што вели на Албанците, но тврди дека се уште не се знае начинот како ќе се стигне до таму.

Jа променивме агендата кон заедничките работи, наспроти кон проблемите. Имаме проблеми… да заборавиме на историските за кои сега се зборува. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во Македонија сѐ уште немаат право на правна заштита. Добри вести се тоа што кога разговараме со премиерот на  Македонија, целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа. Прашањето е како да се стигне дотаму и кој е патот јавноста во двете земји на тоа да се согласи.

Првиот човек на бугарската влада пак дециден дека без сомнение сака да ја види Македонија во Европската унија и дека отворените прашања треба да се затворат.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content