Патувањето во земјите на ЕУ ќе биде можно со било која вакцина

53

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс, во дебатата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, вели дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување на начин кој е прилагоден на здравствената ситуација.

Тој во Европскиот парламент рече дека сите граѓани на ЕУ ќе добијат ист третман кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување и дека ќе се издадат потврди за сите вакцини, без оглед дали се одобрени од ЕМА или не.

 

Во Брисел, нагласуваат дека дигиталните сертификати не се „пасоши за вакцинација“, туку дека тие подразбираат три вида на сертификати што ќе бидат издадени во дигитална или хартиена форма и ќе се однесуваат на доказ за вакцинација против ковид-19, негативен тест или доказ за постоење на антитела.

Се наведува дека сертификатите ќе се издаваат бесплатно, дека планот е да стапи на сила до почетокот на летото и дека тие ќе бидат суспендирани кога СЗО ќе означи крај на пандемијата.

Предлогот на Европската комисија да воведе дигитални зелени сертификати, треба да биде поддржан во Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content