Патот Прилеп-Битола еден од најлошите

0

Убедливо на прво место е патот кој од Прилеп води кон Битола. Тоа и не може да се нарече пат туку селски друм. Сите што минале оттаму велат дека ако имате камен во бубрегот може слободно да го истресете додека патувате. Целиот правец е со нерамнини и имате чуство дека се возите по пруга а не по асфалт.

Овој пат е во  конкуренција со оној од Кичево до Охрид на кој треба да има поставено знак „опасен по живот“.

Сосема друга е сликата на патниот правец од Битола преку Ресен до Охрид. Патот е во одлична состојба иако не е автопат туку магистрала. Овој правец беше последен пат реконструиран за време на минатата власт и единствен нормален кој води до најголемиот туристички центар.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content