Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник

101

Во текот на неделава ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Регионалниот ЦУК Тетово известува по добиената информација дека патот Маврово – Галичник од 3 декември 2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено во контакт со „Македонијапат“, пункт Маврово од каде известиле дека ќе прават договор со трети лица и ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие имало 1 679 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ биле 54,62 отсто, а 45,38 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,20 отсто, кон итната медицинска помош 22,52 отсто, а кон пожарникарите 3,31 отсто.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content