Патот Велес – Градско пет дена ќе биде затворен за сообраќај

72

Непрооден е и регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно село Степанци, Општина Чашка кон Прилеп, бидејќи има наноси од земја и кал поради дождот.

Од настанатите поплави на 14 јуни во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

„Поради излевање на Крива река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон село Варовиште и село Градец. Исто така во село Пчиња (Куманово) има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот“информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content