Партија на пензионери: Поддршка за закон за вработување

104

Партијата на пензионери во потполност ја поддржува Владата во врска со најавата на премиерот Мицкоски за изработка и ставање во процедура на предлог на Закон за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија.

Од партијата напоменуваат дека во повеќе наврати досега предлагала овакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на оние лица кои се пензионери и студенти.

Со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите но и самата држава беа губитници, донесување на вакво законско решение претставува голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација но истовремено и за подобрување на повеќе од скромниот студентски стандард на сите студенти, како искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите.

Партијата на пензионери, посебно го поздравува фактот што во предлогот на новиот Закон има поддршка и од парламентарната опозиција, што дополнително дава значење на истиот.

„Со ова законско решение, дефинитивно ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија, со што уште еднаш потенцираме дека ја има потполната поддршка од страна на Партијата на пензионери.“, велат од партијата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content