ПАДНА СЛУЧАЈОТ ОРГАНИЗАТОРИ НА 27 АПРИЛ

99

Прекинат е кривичниот прогон на Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април. Судот донесе решение, со кое посочува дека амнестијата важи за нив.

Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени произнесување до амнестијата, се додека на минатото рочиште не даде јасен предлог дека Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не треба да се амнестираат, бидејќи за нив важел законот. Лично и како совет, се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот беше во никој случај организаторите да не се амнестираат. Но во Законот за амнестија во одредбите, има сврзник според кој Јавното обвинителство и Апелација сметаат дека овие обвинети не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок – рече судијата Илија Трпков.

Судијата додаде: Имајќи во предвид на наведеното, на крајот ќе произлезе дека осудените лица за настаните од 27 април, сами се организирале, сами размислиле дека треба да влезат во Собранието, кршат и тепаат. На сите ни е јасно, а и на осудените лица во затворите – дека тоа не е така, дека некој ги организирал да влезат во Собранието. Инаку тоа не може да се случи. Не може да се пробие полициски кордон на кошаркарски натпревар, а не во Собранието.

Тој кажа дека не е патриотски да се упадне во Собранието.

Некои овие осудени лица ги нарекува патриоти, ги тапка по рамо. Тие можеби се патриоти, но не може да каже дека патриотски псотапиле. Тие што ги организирале и овие лица (осудениците), треба да се срамат. За тепање на народни претставници и кршење – не може да се каже дека се патриоти. Сигурно одлуката (за амнестија) ќе побуди различни емоции и чувства. За конкретните настани во Собранието, за кривичните дела кои се случија таму, наведнете ја главата и побарајте прошка од државата, како што обвинетите побараа – додаде судијата Илија Трпков.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content