Обвинителство да ги истражи тендерите во РЕК Битола што ги доби Марковски компани на чело со сопственикот Борче Марковски, почесниот конзул на Белорусија во земјава – бара пратеникот Антонио Милошоски откако пред десетина дена Марковски Компани се најде во извештајот на ревизорите. Обвинителите по службена должност веќе го добија извештајот, а од обвинителство информираат дека веќе се постапува.
Ревизорите констатирале декa во РЕК Битола биле спроведувани постапки со преговарање во четири очи без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства.
Тој објаснува три примери во кои битолските фирми , “Марковски Компани” и “Дигер доо добиле како што вели наместени тендери.
При една набавка, одбиена е компанија која нудела подобри услови, а избрана е Марковски компани, а во друга пак, се глумело конкуренција за битолската компанија на конзулот да ја задржи високата цена. Во третиот пример одбиена е компанијата Рубитон Битола за ангажирање на механизација и тендерот е доделен на друга битолска компанија. Компанијата Рубитон Битола пред неколку години обвинуваше за притисоци од менаџментот на РЕК Битола.
Во постапката за Ангажирање на услуги за помошна механизација за потребите на рударската оператива во РЕК Битола од 2022, утврдено е неосновано отфрлање на понудата на компанијата “Рубитон Битола” и бил склучен договор со “ДИГЕР ДОО Битола” за ангажирање на механизација во вредност од 1,4М€ и скучен анекс од 244.000€. На овој начин се анулирала конкуренцијата за да нема поповолни цени. Рубитон е истата фирма која во 2020 година го пријави тогашниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски во МВР дека и вршел вршел притисок да отстапат дел од договорот што го склучиле за ископ во РЕК Битола или во спротивно да му платат 250.000€ во готово, пишува Антонио Милошоски.
Морало да се склучи милионскиот договор со „ Марковски компани “ за РЕК Битола непречено да произведува струја, тврдат од ЕСМ во одговори за АЛфа.
Стручни лица утврдиле дека било непохнодно да се склучи зделката за изнајмување на механизацијата од која компанијата на белорускиот почесен конзул ќарува 4.8 милиони евра.
Инаку, Марковски компани“ е фирма која е основана во 2002 година со паричен влог од 2.500 евра, но последниве години стана омилена на власта СДСМ – ДУИ, за делење на тендери.